Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?
- Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
- Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
- Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
- При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
- Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки